💙 ЗД Мост продолжува со едукативните активности во училиштата!
Денес,01.10.2026 год. во организација на Здружението на дијабетичари „ЗД Мост“ – Скопје, беше реализирана информативно-едукативна сесија во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром.
Целта на сесијата беше да се зголеми информираноста и знаењето кај наставниот и стручниот кадар за дијабетесот и за начинот на обезбедување соодветна поддршка на ученик со дијабетес во училишната средина.
На сесијата се разговараше за:
🔹 основни информации за дијабетесот и неговото секојдневно менаџирање;
🔹 препознавање на хипогликемија и хипергликемија;
🔹 правилна реакција и постапување во итни ситуации;
🔹 значењето на редовното следење на гликемијата;
🔹 физичката активност, исхраната и секојдневните потреби на ученикот;
🔹 психолошката и социјалната поддршка на децата со дијабетес;
🔹 создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна средина.
📘 Посебно внимание беше посветено на Протоколот за постапување во училиште со ученик со дијабетес, со цел наставниот кадар да има јасни и практични насоки за поддршка на ученикот во текот на наставата и училишните активности.
🤝 Благодарност до раководството, наставниците и стручната служба на ООУ „Љубен Лапе“ за интересот, отвореноста и активното учество.
Нашата заедничка цел е секое дете со дијабетес да се чувствува безбедно, прифатено, разбрано и поддржано во училиштето. 💙
ЗД Мост продолжува да работи на поврзување на здравството, училиштето, семејството и заедницата, затоа што грижата за детето со дијабетес е заедничка одговорност.
И оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“, кој го спроведува Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје .
Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3. Финансиран е од Европската Унија (ЕУ) а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.
Повеќе информации за ReLOaD3: тука
Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

