Денес 23.09.2026 год., во прекрасната атмосфера на Хотел Русија – SkyBar, Здружението ЗД МОСТ успешно го реализираше едукативното предавање на тема:
„Дијабетес и когнитивни промени“
Наш гостин и предавач беше д-р Александар Марчикиќ, специјалист психијатар, кој на едноставен, разбирлив и професионален начин ни помогна подобро да разбереме што претставуваат когнитивните промени и како можат да се манифестираат во секојдневниот живот на лицата со дијабетес.
Разговаравме за концентрацијата, помнењето, вниманието, менталниот замор, но и за факторите што можат да влијаат врз нашето когнитивно функционирање – гликемиските флуктуации, стресот, анксиозноста, заморот и квалитетот на сонот.
Особено важно беше што денес не зборувавме само за проблемот, туку и за препознавањето, навремената реакција и значењето на стручната поддршка.
🩸 На почетокот и на крајот од предавањето беше направено мерење на гликемијата, како дополнителна активност во рамки на нашата едукативна средба.
Голема благодарност до сите присутни кои одвоија време, поставуваа прашања, споделуваа искуства и активно учествуваа во разговорот. Вашиот интерес ни покажува колку се потребни вакви средби и теми за кои често не се зборува доволно.
Посебна благодарност до д-р Александар Марчикиќ за знаењето, професионалноста и отворениот пристап.
Проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ), а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.
@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

