ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

🌱 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЧЕТВРТА ИНФОРМАТИВНО-ЕДУКАТИВНА СЕСИЈА

Денес 17.09.2026 год. успешно ја реализиравме нашата четврта информативно-едукативна сесија за наставниот кадар, во ООУ „Александар Македонски“ во Општина Аеродром.

На сесијата беа присутни 30 наставници, кои имаа можност да се информираат и едуцираат за дијабетесот, потребите на учениците со дијабетес и начинот на кој училиштето може да обезбеди сигурна, разбирлива и поддржувачка средина за секое дете.

Посебен дел од денешната средба беше презентирањето на Протоколот за постапување и поддршка на ученици со дијабетес во основните училишта.

Со овој Протокол сакаме знаењето да стане практична поддршка – наставниците да знаат како да препознаат состојба, како да реагираат и како да му помогнат на ученикот со дијабетес кога тоа е најпотребно.

Едуциран наставник значи посигурно училиште а информирана училишна средина значи поголема сигурност и поддршка за детето со дијабетес.

Благодарност до раководството и наставниот кадар на ООУ „Александар Македонски“ за отвореноста, интересот и активното учество.

Продолжуваме да градиме училишта со повеќе знаење, разбирање и поддршка за децата со дијабетес. 💙

Активноста е реализирана во рамки на проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“, кој го спроведува Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје

Проектот„Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ) а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.

@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

@Delegation of the European Union to North Macedonia

 @UNDPMK