Денеска, 20 август 2026 година, успешно ги реализиравме првите две информативно-едукативни средби со наставниот и стручниот кадар во училиштата ООУ„Блаже Конески“ и ООУ„Димитар Македонски“ во Општина Аеродром.
Особено ни значеше што на средбите беше присутен целиот наставен и стручен кадар од двете училишта, кој со голем интерес активно учествуваше во разговорот и презентацијата. Во секое училиште учествуваа по близу 40 наставници и членови на стручните служби, односно вкупно близу 80 учесници на денешните две средби.
Нивната присутност, интерес и активно учество покажаа дека постои вистинска подготвеност за подобро разбирање на потребите на децата со дијабетес и за создавање безбедна, поддржувачка и инклузивна училишна средина.
Средбите беа посветени на една исклучително важна тема – грижата, поддршката и безбедноста на децата со дијабетес тип 1 во училишната средина.
Во текот на активностите го презентиравме „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки“, со посебен акцент на практичните ситуации со кои наставниците и стручните служби можат да се соочат во секојдневната работа.
Разговаравме за:
🔹 препознавање на хипогликемија и хипергликемија;
🔹 навремено и правилно постапување кога на детето му е потребна помош;
🔹 следење на гликемијата и користење на сензори;
🔹 исхрана и физичка активност во училиштето;
🔹 поддршка на детето за време на излети, екскурзии и други училишни активности
Особено ни значеше отвореноста и интересот на наставниот кадар, како и можноста за разговор, прашања и размена на искуства. Токму ваквиот директен контакт е важен чекор кон создавање средина во која децата со дијабетес ќе се чувствуваат сигурно, прифатено и рамноправно во безбедна, поддржувачка и инклузивна училишна средина.
Нашата порака е едноставна:
Детето со дијабетес не треба да биде ограничено од дијабетесот – туку поддржано да живее, учи и расте како и секое друго дете.
Голема благодарност до раководствата, наставниот и стручниот кадар на училиштата за соработката и подготвеноста да придонесат кон создавање побезбедна и поинклузивна училишна средина за децата со дијабетес.
Активноста ја реализира Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје, во партнерство со Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, во рамки на проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“.
Проектот„Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ) а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.
@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

