Знаењето создава сигурна и поддржувачка средина за секое дете со дијабетес.
Во рамки на проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“, Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје, во партнерство со Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, ќе реализира информативно-едукативни активности во училиштата на територија на Општина Аеродром.
🎯 Целта на активностите е да се унапредат знаењата и подготвеноста на наставниот и стручниот кадар за соодветно постапување и поддршка на децата со дијабетес тип 1 во текот на нивниот престој во училиштето.
Посебен акцент ќе биде ставен на „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки“, преку чија практична презентација наставниците и стручните служби ќе добијат корисни информации за секојдневните ситуации со кои може да се соочи едно дете со дијабетес.
Во рамки на средбите ќе се разговара за:
🔹 препознавање на хипогликемија и хипергликемија;
🔹 правилно и навремено постапување во ситуации кога на детето му е потребна помош;
🔹 следење на гликемијата и користење на сензори;
🔹 исхрана и физичка активност во училишна средина;
🔹 постапување за време на излети, екскурзии и други училишни активности;
🔹 важноста на поддршката, разбирањето и избегнувањето на стигматизација;
🔹 улогата на училиштето и наставниот кадар во создавање безбедна и инклузивна средина.
📅 Распоред на активностите:
🏫 20.08.2026 година
📍 ООУ „Блаже Конески“
📍 ООУ „Димитар Македонски“
🏫 27.08.2026 година
📍 ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Нашата цел е едноставна, но многу важна: ниедно дете со дијабетес да не се чувствува несигурно или различно поради својата состојба.
Со подобро информиран наставен кадар, соработка со родителите и разбирање на потребите на детето, создаваме побезбедна, похумана и поинклузивна училишна средина.
Заедно создаваме училишта во кои децата со дијабетес можат безбедно да учат, растат и да бидат рамноправен дел од својата заедница.
Проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ), а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.
Повеќе информации за ReLOaD3: тука
@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

