Период 01.01.2025-31.12.2025 год.
Здружението на дијабетичари ”ЗД МОСТ”-Скопје e граѓанско здружение чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис за истите, едукацијата за превенција од дијабетес, едукација на лицата со дијабетес и нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот,а во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија, грижа за достапноста на нови терапевски и дијагностички методи и др.
Согласно мисијата и утврдените цели на здружението,во текот на 2025 година ги реализираше следните активности:
1.Организација на шест Нутриционистички предавања поврзани со улогата и влијанието на правилната исхрана и едукација за здрави животни навики помеѓу пациентите со дијабетес во периодот мај-јуни 2025 година. Со предавањата и со индивидуалните програми, лицата со дијабетес добија насоки и совети како со начинот на исхрана да се справат и како да ги надминат хипер и хипогликемии а со тоа да превенираат и последици.
Првото нутриционистичко предавање беше одржано во хотел Амбасадор во присуство на околу 35 слушатели,лица со дијабетес. Нутриционистот предавач во траење на два часа говореше за правилната исхрана, режимот на исхрана, со препораки и насоки за лицата со дијабетес. На сите присутни им беше поделен материјал, “Водич за дијабетичари” со структура и квалитет на оброци,гликемиски индекс,избор на храна и многу совети . Предавањето заврши интерактивно со одговарање на прашања од сите заинтересирани. После предавањето имаше дегустација на повеќе врсти домашно припремени производи,разни видови намази и сл. Продолжување со разговор и уште совети.
Направени фотографии од настанот.
Следните пет советувања-сесии беа одржани во ресторан Авиатор ,секој петок, со организација по групи од 5 лица за индивидуални нутриционистички советувања.
Нутриционистката во траење од два часа разговараше со учесниците за:
◉ Исхрана при дијабетес – стратегии за контролирање на шеќерот во крвта преку избалансирана исхрана.
◉ Слабеење – совети за здраво и одржливо намалување на телесната тежина.
◉ Дислипидемија – препораки за подобрување на липидниот профил преку промени во исхраната и начинот на живот.
На секого му беше дадена” Програма за лица со дијабетес” во која на 34 страни можат да се најдат многу совети, табели,план за исхрана, рецепти и мени за неделна и месечна исхрана,објаснувања за ГИ и гликемиски товар,забранети намирници и многу други совети и информации.
Сите вклучени во оваа програма и предавања беа задоволни од дадените совети и насоки. За понатамошни индивидуални советувања и следење на резултати беше споделен контакт телефон на нутриционистот со цел за понатамошна комуникација.
Направени фотографии од настаните.
- Промовирање на здрави навики во здрава животна средина
- Првото организирано пешачење беше на Матка на 12.10.2025 год. при кое што со групата од 15 членови пристигнавме со возила 2 км пред Матка. На членовите им беа поделени ранци со потребна храна,вода и сокови. Исто така на сите им беше измерена гликемија,пред почеток на пешачењето, во текот и на крај на пешачењето. Се движевме покрај р.Треска,до кањон Матка, езеро Матка а понатаму по стаза, пешачењето траеше 2 часа. Двајца членови попатно имаа блага хипогликемија.По направената пауза,се вративме по истата патека. Членовите ја поддржаа оваа акција, со желба да биде повторена наскоро.Направени се фотографии од пешачењето.
- На 25.10.2025 год. организиравме пешачење на средно Водно, по патека до Марково крувче и назад. Потоа се движевме во околина на средно Водно. На членовите им беа поделени ранци со храна,вода,сокови и им беше мерена гликемија неколку пати. На задоволство на сите, договоривме уште една активност од овој тип. Направени се фотографии од пешачењето.
- На 01.11.2025 год. организиравме повторно пешачење на Водно. Со групата, со жичара стигнавме на врв на Водно а потоа се упативме по патека. Попатно меревме гликемија. После 2 часа се вративме на средно Водно на пауза со освежување кафе. Договорено е ваквите акции да продолжат понатаму. Направени се фотографии .
- Организација на предавања за превенција од дијабетес и последиците од дијабетес
- Организиравме Офталмолошко предавање нa 02.06.2025, во Хотел Амбасадор, предавач проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница – Специјална очна болница на тема: „Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман” Присутни беа 30-тина лица со дијабетес. По предавањето, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, на кои д-р Ивановска Аџиевска одговараше, споделувајќи практични совети и информации. На крајот на настанот, беше спроведено мерење на очен притисок за заинтересираните присутни, со цел рано откривање на можни проблеми. Направени се фотографии .
- На 12.11.2025 год.во рамките на одбележување на 14 Ноември, организиравме предавање од страна на лекар од примарно здравство– Д‑р Мирослава Шевченко, од Рефена Практика и потпретседател на Сојузот на лекари по општа медицина – семејна медицина, која зборуваше за превенција, откривање и редовно следење на дијабетесот. Докторката одговараше на прашањата а беше во комуникација со присутните и после предавањето.
- Предавање и од Д‑р Маргарита Наковска, специјалист интернист-нефролог од Нефроплус – Центар за хемодијализа Тетово, која образложи за нефропатијата како бубрежна компликација кај дијабетесот.
Имаше голема заинтересираност од присутните кои поставија повеќе прашања.
- После предавањето на прикладен начин го одбележавме 14 ноември,денот на дијабетесот со присутни 25 лица со дијабетес.
- На истиот ден по повод одбележување на денот, беа поканети и двајца претставници од компанија -увозник на сензори за мерење гликемија кои донираа два сензора и ги поставија на две лица со дијабет Тип 1.
Членовите ја истакнаа виталната потреба од системска терапија и значењето на пристапот до СGМ сензори
за сите лица со дијабетес Тип1 и Тип2 кои се на инсулинска терапија.Направени се фотографии.
- Организирана работилница на 13.05.2025 од страна на Комисија за унaпредување на правата на пациентите на Град Скопје и презентирање наЗаконот за заштита на правата на пацинетите, негова практична примена, негово прекршување на која штоЗдружението ЗД Мост присуствуваше. Локација: Голема сала на Совет на Град Скопје
- Здружението ЗД Мост присуствуваше, во организација на D.med Medical -15 години јубилеј на панел дискусија на тема „Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести“ на 29.04.2025 година во Дом на културата, Општина Ѓорче Петров
- На 24.12.2025 Здружението ЗД Мост присуствуваше на работилница посветена на превенцијата и менаџирањето на офталмолошки компликации кај лицата со дијабетес во Литература.мк а во организација на СЗДСМ.
Предавачи на работилницата беа:
• Доц. д-р. Наташа Шеќеринов – Директор на Универзитетска клиника за Офталомологија Скопје,
• Асс. д-р. Јана Нивичка Ќаева – Универзитетска клиника за офталмологија, Скопје,
• доц. д-р. Ирфан Ахмети – Директор на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни болести, Скопје,
• Виктор Лукарски, Лице со ДМ Т1 – Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија
МОДЕРАТОР проф. д-р Александра Грозданова – Фармацевтскиот факултет во Скопје
- На 15.12.2025 Здружението ЗД Мост присуствуваше наработилница посветена на превенцијата и менаџирањето на нефролошките (бубрежните) компликации кај лицата со дијабетес и унапредување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес одржана во х.Парк-Скопје
Предавачи на работилницата беа:
• асс. д-р Никола Ѓорѓиевски Специјалист- нефролог – Директор на Универзитетска клиника за нефрологија
• сци. д-р Илина Даниловска Хамамџиева – Универзитетска клиника за нефрологија, Скопје
- На 11.12.2025 во Литература.мк нашето здружение беше присутно на работилница на тема: „Кардиоваскуларни компликации кај дијабетес: современи достигнувања и идни предизвици“
Предавачи на работилницата беа:
• проф. д-р. Јорго Костов – Претседател на Македонско здружение на кардиолози
• доц. д-р. Ирена Митевска – Универзитетска клиника за кардиологија, Скопје
• доц. д-р. Ирфан Ахмети – Директор на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни болести, Скопје
• д-р. сци. Александар Манолев – Претседател на Здружение на интернисти на Македонија
9. На 17.12.2025 беше успешно реализиран настан – ТРКАЛЕЗНА МАСА со наслов „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење “. Настанот беше организиран од СЗДСМ а Здружението ЗД Мост имаше свое учество.
Свои обраќања имаа проф. д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Научно здружение на ендокринолози, дијабетолози на Македонија, Д-р Ирфан Ахмети, директор на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, Скопје и претседател на Националана комисија за дијебетес, д-р. Сци Олга Лозановска – дијабетелог и пратеник во Собранието на РМ и Димче Велев, претседател на сојузот.
- На 10.11.2025г. по повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, – Здружението на лица со дијабетес „ЗД МОСТ“ – Скопје – реализираше информативни разговори и подели едукативни флаери за вработените во две компании- ЈСП Скопје и ф-ка Европа-Скопје.
Со оваа иницијатива дадовме поддршка, знаење и практични алатки за поздрав живот за лицата со дијабетес на нивните работни места со темите:
- Управување со дијабетесот
- Последиците од нерегулиран дијабетес
- Улогата на физичката активност и придобивките од неа
- Во Клубот на лица со дијабетес на Град Скопје, Здружението ЗД Мост-Скопје во знак на поддршка, поделивме ленти за мерење гликемија (Tyson bio) на членови,лица со дијабетес на кои им беа потребни.
11.01.2026 год. Здружение на дијабетичари ЗД Мост Скопје
Претседател, Олгица Шекеринова
