ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Навремени оброци

Навременото планирање на оброците е многу важно во справувањето со дијабетесот. Како што составот на оброците влијае на нивото на шеќер во крвта, така и времето во кое се внесуваат оброците има големо влијание. Доколку внимаваат на овие две работи ,луѓето со дијабетес ќе имаат подобра контрола на нивото на шеќер.

Прескокнувањето на појадокот на пример може значително да придонесе за зголемување на нивото на шеќер во крвта во текот на денот. Кај 65% од учесниците на едно неодамнешно испитување нивото на шеќер во крвта било 7-9,3 mmol/L доколку не појадувале.

Испитувањето  укажало и на придобивките од раните вечерни оброци . Учесниците кои вечерале порано имале постабилно ниво на шеќер во крвта во текот на ноќта. Поточно, 41% од учесниците имале ниво на шеќер после вечерата од 5,7 – 6,1 mmol/L, што укажува на добар метаболички одговор на оброкот.

Спротивно пак, внесувањето храна доцна во ноќта може да има негативни последици. Кај учесниците кои јаделе доцна навечер, нивото на шеќер во крвта пред спиење било 9,6 – 11,2 mmol/L. Овие податоци нагласуваат дека доцните оброци може значително да ја влошат контролата на гликозата, особено во текот на ноќта.