ДИЈАБЕТЕС И КОГНИТИВНИ ПРОМЕНИ
Предавање со д-р Александар Марцикиќ, психијатар
Дијабетесот не влијае само врз нивото на шеќерот во крвта. Долготрајното живеење со дијабетес може да влијае и врз мозокот, концентрацијата, меморијата, вниманието и способноста за секојдневно справување со обврските.
Токму затоа, Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје организира едукативно предавање на тема: „Дијабетес и когнитивни промени “
👨⚕️ Предавач: д-р Александар Марцикиќ, психијатар
📅 23.09.2026 год. (среда)
🕕 18:00 – 20:00 часот
📍 Хотел Русија -Аеродром (во SkyBar на 8-ми кат)
Што значат когнитивните промени?
Когнитивните функции се способностите со кои мислиме, паметиме, учиме, се концентрираме, носиме одлуки и ги извршуваме секојдневните задачи.
Кај некои лица со дијабетес може да се појават промени како:
🔹 потешкотии со концентрацијата;
🔹 заборавање на информации или обврски;
🔹 чувство дека размислувањето е побавно;
🔹 потешкотии при организирање на секојдневните активности;
🔹 замор и намалена ментална енергија;
🔹 потешкотии при носење одлуки;
🔹 чувство на „магла во главата“.
Овие промени не значат автоматски деменција. Можат да бидат поврзани со различни фактори, вклучително и долготрајниот дијабетес, големи варирања на гликемијата, хипогликемии, хипергликемии, замор, стрес, анксиозност, нарушен сон и други здравствени состојби.
Зошто оваа тема е важна за лицата со дијабетес?
Затоа што добрата контрола на дијабетесот не значи само „добар шеќер“.
Лицето со дијабетес секојдневно треба да носи голем број одлуки – што и колку да јаде, кога да земе терапија, колку инсулин да примени, кога да измери гликемија, како да реагира при ниска или висока гликемија и како да го организира денот.
Кога се појавуваат когнитивни тешкотии, овие секојдневни задачи можат да станат потешки.
Затоа е важно навреме да ги препознаеме промените, да разговараме за нив и да побараме соодветна стручна проценка.
👨👩👧👦 Важно и за семејството
Понекогаш семејството прво забележува дека нешто се променило: лицето почесто заборава, потешко се организира, има проблеми со следење на терапијата или станува повлечено и исцрпено.
Наместо „само заборава“, „старее“ или „не внимава“, важно е да се постави прашањето: што се случува и дали му е потребна поддршка?
На предавањето ќе разговараме како да ги препознаеме овие промени, кои фактори можат да влијаат врз нив и кога е потребно да се побара стручна помош.
🩸 Мерење на гликемија
На почетокот и на крајот на предавањето ќе биде организирано мерење на гликемијата на присутните.
Оваа практична активност е дел од грижата за здравјето и можност учесниците да ја следат својата гликемија во текот на настанот.
Ве покануваме да бидете дел од ова важно едукативно предавање во организација на Здружението на дијабетичари ЗД МОСТ – Скопје.
💙 Посебно ги покануваме лицата со дијабетес од Општина Аеродром
Пријавете се на тел. 070 267 133 Ве очекуваме!
Проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ), а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.
@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans
@Delegation of the European Union to North Macedonia


