ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Проект:   “Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата”

Проект:  Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата

Проектот ”Здрав живот со дијабетес- грижа на заедницата” на Здружението на дијабетичари ЗД Мост-Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ”Здрав живот со дијабетес- грижа на заедницата” е кофинансиран од Општина Аеродром.

Здружението на лица со дијабетес ЗД Мост – Скопје го спроведува проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес во Општина Аеродром.

Проектот има за цел да обезбеди практична едукација, поддршка и превенција за деца, млади, возрасни и постари лица со дијабетес, како и за нивните семејства. Посебен акцент е ставен на зајакнување на знаењата за самостојно управување со болеста, рано препознавање на компликациите и унапредување на психолошката благосостојба.

Во рамки на проектот ќе се реализираат интерактивни едукативни работилници за лица со дијабетес на теми поврзани со современото управување со болеста, справување со стрес и анксиозност и влијанието на дијабетесот врз когнитивните функции. Работилниците ќе овозможат стекнување нови знаења, размена на искуства и поголема социјална вклученост на учесниците.

Дополнително, проектот предвидува едукација на наставниот кадар во основните училишта во Општина Аеродром за правилно постапување и поддршка на деца со дијабетес тип 1, со цел создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна средина.

Со реализацијата на проектот се очекува подобрување на здравствената писменост, намалување на ризикот од компликации и хоспитализации, подобрување на психолошката состојба и поголема социјална вклученост на лицата со дијабетес, како и зајакнување на поддршката што ја обезбедува заедницата.

Кои резултати ги очекуваме

  • Најмалку 75 лица со дијабетес ќе стекнат нови знаења за превенција на компликации.
  • Подобро менаџирање на болеста и справување со психолошките предизвици поврзани со дијабетесот. Подобрена психолошка благосостојба.
  • Подобрена здравствена безбедност и психосоцијална поддршка за децата со дијабетес во училиштата,
  • Зголемена свесност во заедницата за важноста на едукацијата, превенцијата и навремената грижа.
  • Намалување на ризикот од компликации.
  • Создавање поинклузивна и поддржувачка заедница за лицата со дијабетес.

Времетраење на проектот:  Проектот ќе трае 5 месеци и ќе се спроведува почнувајќи  од 01.06.- 31.10.2026 година.

Лице за контакт и информации: Олгица Шекеринова  070/267 133

Повеќе информации за ReLOaD3: тука

#ReLOaD   #ReLOaDMK   #LocalDemocracy   #WesternBalkans 

@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

@Delegation of the European Union to North Macedonia

 @UNDPMK