Во последниве неколку години, чиja семето стана популарна насекаде низ светот па и кај нас. Но дали таа е само од неодамна? Одговорот е не. Таа постои и била една од главните намирници во исхраната на многу антички народи уште 3500 п.н.е па наваму. Во тоа време чијата освен што се користела во исхраната, се користела како лек, за добивање брашно, се пресувала за добивање на масло, но се употребувала и во верски церемонии. Aнтичките цивилизации верувале дека чиjа семето им дава натприроднa моќ, а тоа се должело на силата и енергијата која им ја дввала. Впрочен на јазикот на Маите, „чиа“ значи „сила“
Е сега поради тоа што чиа значи сила еве неколку нутриривни факти, докажани преку доста научни студии зошто чијата е здрава за нас и зошто треба да ја вметнеме во нашата исхрана?
• Богата со омега-3 масни киселини кои недостасуваат во брзиот начин на исхрана и поради кое се појавуваат доста инфламаторни процеси во човековот тело. Чија семето обезбедува слична количина на овие омега-3 масни киселини, како меленото ленено семе и тоа во форма на алфа линоленска киселина или АЛА. Овие масни киселини можат да помогнат при губење на телесната тежина.
• Одличен извор на растителни влакна, кои можат да го подобрат здравјето на срцето и намалат нивото на холестерол. На овие влакна им е потребно подолго време да се сварат во нашиот дигестивен тракт и поради тоа се чувствуваме подолго време сити и воедно имаме стабилно ниво на шеќер во крвта. На овој начин тие помогаат при губење на тежината и го намалуваат ризикот од развој на дијабетес или срцеви заболувања. Исхрана богата со растителни влакна исто така штити од колоректален карцином.
• Го намалува оксидативниот стрес и воспалението бидејќи содржи антиоксиданси кои можат да ги заштитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали. Такви антиоксиданти кои ги содржи чијата се кофеинска киселина, мирицетин, кверцетин и други. Особено кверцетинот е силен антиоксиданс, поради неговата способност да се бори против воспалението и да ги заштити клетките од оштетување и оксидативен стрес и воедно да го забави и одложи процесот на стареење на клеточно ниво.
• Го поддржува здравјето на коските бидејќи е богата со минерали како магнезиум, фосфор, калциум и калиум. Истражувањата покажуваат дека адекватниот внес на овие хранливи материи е од витално значење за формирање на коските.
• Го подобруваат здравјето на цревата бидејќи содржат комбинација од растворливи и нерастворливи влакна што ги прави одличен избор за ублажување на констипација. Растворливите влакна и полифенолите што ги содржат чија семињата можат да делуваат како пребиотици, хранејќи ги добрите цревни микроорганизми (пробиотици) кои потоа произведуваат супстанции кои ја штитат слузницата на цревата, а со тоа го подобруваат не само здравјето на цревата туку и целокупното човеково здравје.
Совет : секогаш натопете го чиа семето во вода или растително млеко и оставете го неколку саата да набабри пред да го конзумирате во вид на чиа пудинг. Одозгора прелијте го со било кое овошје, семиња, јаткасти итн.
Можете да ја ставате и како додаток во салата но не премногу бидејќи ако се јаде сурова ( не потопена )во поголеми количини може да направи мачнини, подуеност во стомакот поради нејзината способност да апсорбира вода.
Нутрициониста Вероника Минов
