ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

П О К А Н А

📢 ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИЈАБЕТЕС

Знаете ли кога дијабетесот бара интернистички пристап и зошто е важно навреме да се препознаат ризиците и можните компликации?

Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје ве поканува на првата од трите едукативни и интерактивни работилници посветени на подобро разбирање, управување и превенција на дијабетесот.

🩺 ТЕМА:

„Сеопфатен мултидисциплинарен интернистички пристап во управувањето со дијабетесот“

👨‍⚕️ Предавач: д-р Александар Манолев

📅 26 август 2026 година
📍 Хотел „Русија“, Скопје – во Sky bar на 8-ми кат
18:00 – 20:00 часот

🩸 Мерење на гликемија – на почетокот и на крајот на работилницата, затоа дојдете 10-тина минути порано

На средбата ќе имаме можност да слушнеме стручни и практични информации за улогата на интернистот во следењето на лицата со дијабетес, препознавањето на ризиците и навременото реагирање со цел спречување или одложување на можните компликации.

💬 Работилницата е замислена како отворена и интерактивна средба, со можност за прашања, разговор и размена на искуства.

☕ По предавањето ве покануваме на заедничко дружење и размена на искуства, можност да се запознаеме, да разговараме и да споделиме искуства од секојдневното живеење со дијабетес.

👥 Работилницата е наменета за млади, возрасни и постари лица со дијабетес, како и за членовите на нивните семејства.

💙 Знаењето е еден од најважните чекори во грижата за дијабетесот.
Дојдете, прашајте, информирајте се и поминете едно корисно и пријатно попладне во друштво на луѓе кои го разбираат животот со дијабетес.

Вашето присуство е важно. Ве очекуваме!

Пријавете се овде или на тел.бр. 070 267 133

💙 Посебно ги покануваме лицата со дијабетес од Општина Аеродром


Проектот „Здрав живот со дијабетес – грижа на заедницата“ на Здружението на дијабетичари ЗД Мост – Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансирана од Европската Унија (ЕУ), а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Аеродром.

Повеќе информации за ReLOaD3: тука

@Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans

@Delegation of the European Union to North Macedonia

 @UNDPMK